Search

Бакојани во Приштина на средба со косовското раководство

Претседателката Вјоса Османи денеска се сретна со известувачот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Дора Бакојани, со која ќе разговара за процесот за членство на Косово во Советот на Европа, јави дописникот на МИА од Приштина.

Поранешната грчка дипломатка, која денеска ја започна посетата на Косово, беше назначена од Комисијата за политички прашања и демократија во Парламентарното собрание за известувач за членството на Косово во СЕ, а е задолжена да го изготвинаправи извештајот врз основа на наодите на двајца еминентни правници назначени да ја оценат апликацијата на Косово.

Во мај 2022 година, Косово поднесе барање за членство во СЕ, додека во април годинава Министерскиот комитет на СЕ донесе одлука барањето на Косово да го проследи до Парламентарното собрание.

По приемот кај Османи, Бакојани замина во Владата на Косово, каде ќе се сретне со премиерот Албин Курти.

Треба да знаете
Последни објави