Search

Шмит го предупреди СБ на ОН: Сецесионизмот на Додик го загрозува мирот

Високиот претставник на меѓународната заедница за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит во редовниот шестмесечен извештај доставен до Советот за безбедност на ОН истакнува дека ситуацијата во БиХ се влошува поради постојаните и сè поагресивни напади на претставниците на босанските Срби врз самите основи на Дејтонскиот договор.

– Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик намерно предизвика, а потоа и влоши две големи политички кризи во БиХ со цел да го поткопа Дејтонскиот договор, вклучувајќи го уставниот и правниот поредок и институционалната рамка на државата и да го делегитимира мојот (Шмит) мандат, истакнува Шмит.

Тој потсети дека Додик презел чекори за да ја поткопа работата на Уставниот суд на БиХ, чии одлуки не сака да ги прифати и да ја спречи работата на високиот претставник со закана со апсење доколку дојде на територијата на Република Српска.

Треба да знаете
Последни објави