Хамас ги повикува сите во Газа да го предадат расположливото гориво на болниците

Министерството за здравство во Газа, кое го водат милитантите на Хамас, денеска ги повика сите кои имаат било каква количина гориво да го достават до здравствениот комплекс „Ал Шифа“ и до индонезиската болница.

„Ал-Шифа“, е најголемиот медицински комплекс во Појасот Газа, додека индонезиската болница се наоѓа на север од енклавата, која е под силно израелско бомбардирање, пренесува „Ал Џезира“.

Во вторникот, директорот на индонезиската болница изјави за „Ал Џезира“ дека објектот може да биде затворен во рок од 24 часа поради недостиг на гориво, бидејќи Израел воведе целосна опсада на Газа.

Тој рече дека болницата работи во тешки услови и надвор од своите капацитети и дека само вчера попладне примила повеќе од 400 повредени лица во израелското бомбардирање на бегалскиот камп Џабалија.

Треба да знаете
Последни објави