Search

Спасовски: За шест години, пет зголемувања на платите на вработените во МВР

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на своите профили на социјалните мрежи, објави отчет за своите активности за месец октомври.

„Почеток на нов месец секогаш претставува добра можност да се потсетиме за досега сработеното. МВР ЗА ГРАЃАНИТЕ: Транспарентно и отчетно – октомври 2023.

МВР за Граѓаните

▪️„Отворен кабинет“ – СВР Велес,

▪️Прв академски час на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Свети Климент Охридски“

▪️Партнерството со МПС вроди со реализација на пет зголемувања на платите на вработените за 6 години

▪️Пуштање во употреба новиот објект на Одделот за форензички испитувања при МВР, најголема форензичка лабораторија на Балканот, капитален проект со ИПА средства од пристапната помош на Европската Унија.

▪️Посета Полициски камп Белица

▪️„Детска недела“ со дечињата од детската градинка „Ангел Шајче“ од Куманово

▪️Посета на полициските службеници кои спроведуваат засилени активности во функција на поголема безбедност за граѓаните од Општина Аеродром

▪️Отворање на 22. Традиционален меморијален турнир во мал фудбал во С.Ц. „Јане Сандански“

▪️Национален саем за храна и пијалоци – “Вкуси ја традицијата”

▪️Успешна спасувачка акција на алпинисти од САЕ Тигар и Хеликоптерската единица на МВР на Осоговските планини

▪️Меѓународна спортска манифестација во традиционално борење Пеливан, с.Цветово

▪️Свечена Академија по повод 8 Октомври – Денот на ослободувањето на Крива Паланка – 79 години слободна Крива Паланка

▪️Плакета од претседателот на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна од 1941 – 1945, Никола Стојановски

▪️Одбележување на 25-годишнината од постоењето на Канал 5 Телевизија

▪️Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ!

▪️Средба со претставници од Лекарската комора на РСМ предводени од претседателката, Калина Гривчева Старделова

▪️30 години од првиот официјален натпревар, кога на 13 октомври 1993 година, Македонија гостуваше во Крањ каде, под македонските знаме и химна, ја победи Словенија со 4:1.

▪️Како гаснат пожари хеликоптерите при Одделот за воздухопловни единици во рамки на МВР

▪️Промоција на развојната рамка на Црвениот крст на Република Северна Македонија „Трансформација 28”

▪️Oткривање на спомен обележје во чест на ликот и делото на загинатиот припадник на македонската полиција Игор Драганов”

▪️Панел дискусија на тема „Поддршка на бранителите на демократијата во Авганистан”

▪️Средба со претставнички од здружението „Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари“ предводени од извршната директорка, Салија Халим – Бекир

▪️Обука за ангажирање и зајакнување на младите во борбата против радикализација и насилен екстремизам, во организација на ОБСЕ и Факултетот за безбедност

УНАПРЕДУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА СОРАБОТКА

▪️Република Северна Македонија и МВР – домаќини на Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан во Скопје.

▪️Средба со амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во РСМ, Дејвид Гир, како и новиот заменик шеф на Делегацијата на ЕУ во земјава, Бен Нупнау.

▪️Одбележување на Националниот ден на Шпанија – 12 Октомври на покана од Амбасадорот на Кралството Шпанија, Хозе Луис Лозано Гарсија

▪️Фронтекс на јужната граница е логичен след на соработката со ЕУ, бегалски кампови во државата нема да има додека не станеме членка на ЕУ

▪️Средба со министерот за внатрешни работи на Кралството Шпанија, Фернандо Гранде Марласка Гомез

▪️Панел дискусија во организација на Фондацијата ,,Фридрих Еберт“ во Скопје и Регионалниот Дијалог на Југоисточна Европа во Сараево“ стои во објавата на Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави