Search

Повторно е нападнат бегалскиот камп Џабалија на северот на Појасот Газа

 Катарската телевизија Ал Џезира објави дека повторно е нападнат бегалскиот камп Џабалија на северот на Појасот Газа. 

Телевизијата јавува дека се стравува дека стотици луѓе се заробени и затрупани под урнатините, а Израел претходно фрлал летоци со кои им кажува на Палестинците да го напуштат бегалскиот камп.

Израелскиот весник „Хаарец“ наведува дека „видеата од тоа подрачје покажуваат како чад се издига над комплексот во кој се наоѓаат неколку згради“.

Израел вчера соопшти дека го нападнал кампот во обид да го убие локалниот командант на баталјонот на Хамас, Ибрахим Биари, за кој верува дека бил вклучен во нападите на милитантната група на 7 октомври.

Палестинските власти на социјалните мрежи објавија дека „десетици Палестинци се убиени, а многу други се повредени“ во денешниот напад врз бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа. 

Треба да знаете
Последни објави