Search

ИФЈ: Злосторствата против новинарите не смеат да останат неказнети

Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) соопшти дека од 7 октомври кога почна конфликтот помеѓу Израел и Хамас, за краток период загинале вкупно 29 новинари.

Според ИФЈ, најмалку 24 палестински новинари се убиени, неколку се повредени, а други се водат како исчезнати за време на тековните воени операции помеѓу Хамас и Израел во Појасот Газа.

ИФЈ и Синдикатот на палестинските новинари (ПЈС) ги осудуваат убиствата и континуираните напади врз новинарите.

ИФЈ повикува на итна истрага за смртта на новинарите, почитување на меѓународните закони, при тоа потенцирајќи дека злосторствата против новинарите не смеат да останат неказнети.

Меѓународната федерација на новинари истакнува дека во израелските напади врз Либан, на 13 октомври убиен е еден новинар, а шестмина други се повредени.

Додека на 7 октомври кога Хамас го нападна Израел загинаа најмалку четворица израелски новинари. Помеѓу заложниците на Хамас е и пензиониран 83-годишен новинар.

ИФЈ ги потсетува новинарите на терен да преземат мерки на претпазливост, да носат професионална безбедносна опрема и да не патуваат без нивните медиуми да им ја обезбедат целата професионална безбедносна опрема потребна за покривање на настаните.

На 7 октомври Хамас го нападна јужен Израел. Како одговор, Израел возврати со воздушни напади над опколениот Појас Газа и формално му објави војна на Хамас. 

Треба да знаете
Последни објави