Search

Иран и Турција бараат итна регионална конференција за да се спречи ширење на војната помеѓу Израел и Хамас

Турција и Иран денеска повикаа на регионална конференција со цел да се спречи ширењето на војната помеѓу Израел и Хамас.

– Не сакаме човечката трагедија во Газа да се претвори во војна која ги погоди земјите во регионот … Ние веруваме дека најсоодветната платформа за оваа цел ќе биде меѓународна мировна конференција. Ние, Турција, во координација со нашите пријатели, сме решени да придонесеме за обезбедување прекин на огнот и воспоставување траен мир. Подготвени сме да преземеме одговорност како гарант во фазата на имплементација на договорот, изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан на заедничката прес-конференција во Анкара со иранскиот колега Хосеин Амир-Абдолахиан.

Шефот на иранската дипломатија посочи дека таква средба треба да се одржи што е можно побрзо.

Фидан истакна дека меѓународната заедница не може да има различни стандарди за Украина и Палестинците.

– Не може да има посебен стандард за Украина и посебен стандард за Палестина, ако сакаме праведен свет, мораме секогаш да се однесуваме на принципиелен и доследен начин, посочи Фидан.

Тој додаде дека Израел мора да се повлече од патот по кој тргна и да стави крај на насилството.

Израел мора да сфати дека со игнорирањето на Палестинците нема да стигне никаде. Неприфатливо е некои земји да го поддржуваат масакрот во Газа. Не сакаме човечката трагедија да се претвори во војна што ќе ги погоди земјите од регионот. Ги повикуваме сите актери за поддршка на траен мир, потенцира Фидан. 

Треба да знаете
Последни објави