Search

Дел од северозападна Европа ја очекува бурата Киаран

Велика Британија, Белгија, Холандија и Франција се подготвуваат за силната бура Kиаран која се очекува утревечер.

Силната есенска бура не некои места може да донесе ветрови со брзина од 170 километри на час, силен дожд и бранови од десет метри.

Опасноста особено се заканува на голем дел од северозападна Франција, белгиските брегови, југозападна Англија и надворешните делови на Велс.

Киаран (црн на ирски) би можел да ја погоди областа со налети на ветер од 130 до 150 километри на час, соопштија француските синоптичари.

Во вториот дел од ноќта се очекува втората фаза од невремето, посилно, особено во Бретања и Нормандија, со удари на ветер од 170 километри на час.

Треба да знаете
Последни објави