Search

Гутереш запрепастен од ескалацијата на насилството во Газа по нападот на Џабалија

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е запрепастен од ескалацијата на насилството во Газа, вклучително и убиствата на Палестинци, вклучително и жени и деца, во израелските воздушни напади врз станбени области во густо населениот бегалски камп Џабалија, изјави денеска неговиот портпарол Стефан Дижарик.

Тој рече дека генералниот секретар на ОН повторил дека сите страни мора да се придржуваат до меѓународното хуманитарно право, вклучувајќи ги принципите на дистинкција, пропорционалност и претпазливост, пренесе Ал Џезира.

„Тој силно го осудува убивањето на цивили“, им рече Дижарик на новинарите. Израел втор ден по ред изврши воздушни напади врз бегалскиот камп Џабалија во Газа. Си-Ен-Ен јавува дека во нападот биле уништени неколку згради.

Видеото од местото на експлозијата ја покажува катастрофалната штета предизвикана околу длабок кратер во населбата Џабалија во Фалуџа. Може да се видат и луѓе како копаат низ урнатините барајќи тела. Израелската армија вчера изврши воздушни напади и во Џабалија. Лекарите констатирале дека има стотици жртви – мртви и ранети.

Треба да знаете
Последни објави