Search

Вучиќ распиша парламентарни избори за 17 декември

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска го распушти српскиот Парламент и распиша парламентарни избори за 17 декември.

„Почитувани граѓани на Република Србија. Врз основа на член 109 ставови 1 и 5 од Уставот на Република Србија и член 21 став 1 од Законот за претседателот на Републиката, врз основа на образложен предлог на Владата од 30 октомври 2023 година донесувам указ за распуштање на Народното собрание на Република Србија“, рече Вучиќ.

Вучиќ изјави дека распишува избори за пратеници за 17 декември 2023 година.

Треба да знаете
Последни објави