Израел испрати ракетни бродови во Црвеното Море по нападот на Хутите во Јемен

Израелската армија денеска соопшти дека го зголемила своето присуство во областа на Црвеното Море со ракетни бродови по неколкуте напади со беспилотни летала и ракети на проиранските Хути во Јемен.

Како што е наведено, ракетните бродови биле распоредени вчера „во согласност со проценката на ситуацијата, како дел од зголемените одбранбени напори во областа“, пренесоа израелските медиуми.

Израелската армија вчера пресретна ракета и две беспилотни летала истрелани од Јемен кон Израел. Уште една „мета“ е пресретната рано утринава во близина на градот Ејлат на самиот југ од земјата.

Неколку единици за воздушна одбрана во областа го штитат Израел од нападите на Хутите, соопшти армијата.

Американската војска е распоредена и во регионот на Црвеното Море.

Треба да знаете
Последни објави