Search

Маж фрлил глувци во британски Мекдоналдс во знак на протест против Израел

Британската полиција денеска соопшти дека покренала истрага откако маж влегол во ресторан на Мекдоналдс во Бирмингем и фрлил десетици живи глувци обоени во боите на палестинското знаме на подот додека извикувал вулгарности за Израел.

На снимката на социјалните мрежи се гледа како маж со палестинско знаме околу главата мирно носи кутија глодари обоени со зелена и црвена боја во Мекдоналдс во Бирмингем, пред да ги фрли животните на подот пред ужаснатите клиенти.

На видеото се слуша како пцуе „Ф*** Израел“. Мекдоналдс во Велика Британија објави дека ресторанот е целосно дезинфициран. „Нашите партнери за контрола на штетници се повикани да извршат темелна проверка“, се вели во соопштението.

Пред две недели, Мекдоналдс Израел објави дека дал илјадници бесплатни оброци на израелскиот воен персонал, поради што рестораните на Мекдоналдс во некои земји со мнозинско муслиманско население како Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Јордан и Турција ја забранија израелската франшиза.

Според Ројтерс, има пораст на антисемитските инциденти во ОК откако Израел почна да ја гранатира Газа, по што следеше копнена офанзива како одговор на нападот на палестинскиот Хамас врз Израел на 7 октомври. Во Британија и ширум светот се пријавени голем број инциденти на напад, вербална злоупотреба и материјална штета

Треба да знаете
Последни објави