Search

Завршува 5. издание на Денови на медиумска писменост 2023 година

Со годишен состанок на Мрежата за медиумска писменост, кој денеска ќе се одржи во просториите на АВМУ во Скопје, завршува 5. издание на Денови на медиумска писмесност, кои почнаа на 24 октомври со конференцијата „Медиумска писменост во дигиталните простори“.

Годинава на повеќе локации се одржа серијал работилници, панел дискусии и други јавни настани што беа водени од годинешното мото „Брз прст, лажни вести носи“, со што и Северна Македонија се приклучи на Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО.

Македонската Медиумска информативна агенција – МИА како медиумски поддржувач на манифестацијата, извести и ги афирмира сите активности на Мрежата за медиумска писменост, а на 27. октомври во Битола, во Бизнис академија Смилевски, приреди посебен стручно – научен јавен настан на тема „Улогата и придонесот на академската заедница за медиумска писменост“.

Како што е познато во Мрежата за медиумска писменост членуваат институции, организации и новинарски здруженија и асоцијации од земјава кои поддржуваат медиумска писменост. 

Треба да знаете
Последни објави