Search

Вооружена пресметка во Сараево, има мртви и повредени

Во населбата Булевар на Ступ во Сараево денеска имало пресметка при што едно лице е убиено, а други се ранети.

Како што потврдуваат од МУП на КС, полициски екипи се на терен, добиена е пријава за употреба на огнено оружје, а има и информации за повредени и загинати лица, пренесува „Српскаинфо“.

Престрелката се случила пред продажен објект каде во моментот на нападот имало неколку лица.

Според информациите на „Аваза“, на местото на настанот излегле две маскирани лица со спортски торби во кои имало автоматско оружје.

На лице место не останале чаури, па може да се заклучи дека се работи за професионалци.

Како што дознава „Аваз“, убиен е странски државјанин, а ранет е државјанин на БиХ.

Брза помош е на терен.

Се дознава дека покрај хаусторот убиецот го чекал бел автомобил.

Треба да знаете
Последни објави