Search

Анкара го осуди воздушниот напад врз болницата раководена од Турција во Појасот Газа

Турското Министерство за надворешни работи најостро го осуди воздушниот напад врз болницата раководена од Турција во Појасот Газа, кој, според него, го извршил Израел, нарекувајќи го „нехуман напад“ што го крши меѓународното право и ги лишува Палестинците од нивните основни права, објави „Хуриет дејли њуз“.

Во објавеното соопштение, Анкара го изразува својот бес поради „нападот на 30 октомври врз болницата, која е единствената медицинска установа во Газа наменета за пациентите со онколошки заболувања“.

Министерството нагласи дека сите потребни информации, вклучително и координатите на „Болницата за турско-палестинско пријателство“, биле однапред споделени со израелските власти, што го прави ударот „неоправдан“.

„Нема никакво објаснување за таков напад“, соопшти Министерството, најостро осудувајќи ги дејствијата.

Болницата, изградена помеѓу 2011 и 2017 година, има површина од 34.800 квадратни метри, има шест ката и капацитет од 180 кревети. 

Треба да знаете
Последни објави