Search

„Хероите на хармонијата” на Стеваноска е неповторливо четиво за човечкото тело и еколошката свест

Исидора Стеваноска е автор на повеќеслојното дело кое што дава вредни знаења за човековото тело и еколошката свест, навлегува во областа на емоционалната интелигенција и емпатијата.

Авторката, водена од желбата и можноста позитивно да влијае на сечиј живот, а особено таму каде што е клучно при развојот на личноста, ја пишува “Хероите на хармонијата”, која всушност претставува истражување на природата, телото и чувствата.

Со своите ненаметливи реплики “Хероите на хармонијата” претставува спој на наука, критичко размислување, искуство и многу љубов кон себеси и околината. “Хероите на хармонијата” е неповторливо четиво, пред се, за децата и тинејџерите, но и за читателите од сите возрасти.

Веруваме дека “Хероите на хармонијата” ќе биде идеален подарок за Вашите најмили, а со тоа ќе му го подарите највредното знаење што може да го добијат.

Промоцијата ќе се одржи на 04.11.2023 год. во кино Мис Стон во Прилеп од 19.00 часот.

“Половина од сумата која ќе биде собрана од продажбата на првиот тираж, ќе биде доделена таму каде што во тој момент ќе биде најпотребно”, изјави Исидора, а за себе вели дека нејзин најголем успех ќе биде усреќувањето на оние што заборавиле што е среќа. Затоа што, среќата е единствената работа што се множи, кога се дели.

Треба да знаете
Последни објави