Search

Непречен сообраќај по претежно суви коловози

Поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање) на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градско, од 26 октомври до 1 ноември, во период од 08:00 до 18:00 часот, ќе биде затворен за сообраќај делот од бензинската пумпа „Дади Компани“ до бензинската пумпа „Хив“, извести АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Треба да знаете
Последни објави