Search

Маричиќ: Посетата на Фон дер Лајен испраќа позитивен сигнал, Македонија има европска перспектива

„Оваа посета ја гледаме како еден позитивен сигнал и охрабрување, бидејќи турнејата на Западен Балкан Фон дер Лајен ја започнува токму од Скопје. На тој начин испраќа порака дека не само што Северна Македонија има европска перспектива туку и дека работи на неа. Тоа го разговаравме и на средбите синоќа помеѓу претседателот Пендаровски и претседателката Фон дер Лајен, денеска со премиерот Ковачевски. Нејзиниот фокус на посета е токму планот за раст иако беа спомнати повеќе други теми, истакна Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на „Топ тема“ на Телевизија Телма.

Тој додаде дека таа го пренела она што оваа власт го говори некое време дека постои расположение кај државите членки да разговараат и да дејствуваат на полето на европските интеграции.

„Не е тоа само наша замисла или убава приказна или убава желба, туку дека е тоа навистина реалност. И второ за да го покаже тоа на дело, планот за раст ќе го ефектуираат во најскор можен рок и очекуваме на 8 ноември кога ќе бидат објавени извештаите за сите држави во регионот да биде објавен и деталниот план за раст“, заклучи Маричиќ.

Треба да знаете
Последни објави