Search

Бела куќа: САД не поддржуваат прекин на огнот во конфликтот меѓу Израел и Хамас

Соединетите Држави не ги поддржуваат повиците за прекин на огнот во конфликтот меѓу Израел и Хамас, соопшти денеска Белата куќа, додавајќи дека наместо тоа треба да се размисли за „паузи“ за испорака на хуманитарна помош во Газа.

„Не веруваме дека прекинот на огнот е вистинскиот одговор во овој момент. Во моментов не поддржуваме прекин на огнот“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека САД се уверени дека бројот на камиони со хуманитарна помош што влегуваат во Газа преку преминот Рафа на границата со Египет ќе се зголеми на околу 100 дневно.

„Уверени сме дека можеме да го постигнеме тоа во наредните денови“, рече Кирби

Треба да знаете
Последни објави