Search

Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен, разговарале за реформите и фазите во преговорите по завршување на скринингот

Претседателот Стево Пендаровски вечерва ја прими претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која престојува во посета на Северна Македонија. Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие разговарале за процесот на пристапните преговори на земјава за членство во Европската Унија, за актуелните политички случувања во Северна Македонија и за тековните состојби во регионот.

Во таа насока беа разменети информации за натамошните фази во преговорите по завршување на скриниг прoцесот и за динамиката на спроведување на реформите, стои во соопштението.

На средбата беше разговарано за претстојниот извештај на ЕК за напредокот на Северна Македонија како земја-кандидат, како и за Планот за раст на Западниот Балкан, при што претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката и посветеноста од ЕУ на политиката на проширување и интеграција на земјите од Западен Балкан.

На средбата беа разменети мислења за стратешката важност од спроведување на измените на Уставот и натамошните импликации врз европската перспектива на земјава, се наведува во соопштението на претседателскиот Кабинет.

Треба да знаете
Последни објави