Search

Герила акција во Кисела Вода: „Лапај Орце, ама ќе дојдат избори“

Во некоклку станбени згради во општина Кисела Вода поделени се летоци на кои стои слика од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој носи часовник и се придружени со текст: „Од каде има Орце 7600 швајцарски франци за луксузен саат 8000 евра се тоа Орце, 30 плати на еден работник! Лапај Орце лапај ама ќе дојдат избори“.

Граѓаните на оваа општина се разочарани од фактот дека и покрај тоа што нивната општина се брои во најзадолжените општини во државата, нивниот градоначалник се перчи со часовник кој вреди 7.600 швајцарски франци.

Имено, за период од две години, долгот во времето на Орце се зголемил за над 40 милиони денари.

Тука може да се додадат и долговите кон добавувачите, а исто така на сајтот на општината не може да се најдат информации дали е платен долгот кон „Дрисла“ од каде во јули годинава посочија дека договорот на општината е истечен во март годинава.

Дополнително, одлука на Ѓорѓиевски, да го исфрли ѓубрето пред јавното претпријатие „Дрисла“ кога штрајкуваше ЈП„Комунална хигиена“, ги чинеше општината Кисела Вода и Ѓорѓиевски дополнителни 90.000 евра . За оваа казна тој беше дециден дека нема да ја плати и до денеска нема информација дали воопшто ја платил.

Се поставува прашање како Ѓорѓиевски кој глуми загриженост за сиромаштијата која владее, можел да си приушти часовник кој чини 20 минимални плати.

За потсетување, тој пред неколку месеци демантираше дека побарал зголемување на својата плата и дека таа била во висина на законските одредби, но не посочи бројка.

Неговата плата изнесува над 90.000 денари, што значи дека за својот часовник потрошил околу 5 градоначалнички плати.

Треба да знаете
Последни објави