Во објавата на својот профил на социјалната мрежа Х, Борел изјави дека Газа, која е под силно бомбардирање од Израел, е во целосен мрак и изолација.
„Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) предупредува за очајната состојба на луѓето во Газа, без струја, храна и вода. Многу цивили, вклучително и деца, се убиени. Оваа ситуација е против меѓународното хуманитарно право“, напиша тој на Х.
Нагласувајќи дека непријателствата мора веднаш да се прекинат за да може да се достави хуманитарна помош, Борел рече: „Ги осудуваме сите напади врз цивилите, вклучително и тековните недискриминирачки ракетни напади против Израел и бараме итно и безусловно ослободување на сите заложници“, изјави тој.