Џегер и друштвото пристигнаа на Ел Класико и ги кренаа сите на нозе без микрофон

Барселона го пречека Реал Мадрид во едно од најголемите светски дербија, Ел Класико.

Легендарните Ролинг Стоунс мечот го следеа од трибините.

Нивното лого, познатиот исплазен јазик, беше заменет и со логото на музичката апликација Спотифај на дресот на Барселона за ова Ел Класико. Станува збор за нов спонзорски договор кој Барселона го потпиша со Спотифај, кој ги доби и правата за името на стадионот кој сега и официјално се нарекува Спотифај Камп Ноу.

Шпанските медиуми пишуваат дека се работи за договор вреден повеќе од 400 милиони евра.

Покрај логото на дресот, Ел Класико го збогати и доаѓањето на Ролинг Стоунс кои направија шоу и без микрофон.

Мик Џегер и на 81 година ги крена сите на нозе, а фановите во нивна чест го закачија познатиот „јазик“ на целата трибина.

Треба да знаете
Последни објави