Спасовски: Реконструиравме 80 полициски објекти, почнуваме со реконструкција на Управните служби во МТВ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервјуто за МИА, одговарајќи на прашањето околу опремата и кадарот со кој располага МВР, појасни дека во изминатите 6 години реконструирани по највисоки стандарди се 80 објекти на македонската полиција и дека тоа не било направено во последните 30 или 40 години, што претставува фактичка состојба од која никој не може да избега.

„Ние вложивме изминатиот период околу 10 милиони евра во опрема за полициските службеници, опрема која претходно ја немале. Да напоменам дека јас кога дојдов за министер – 15 години, 12 години… зависно од Одделите, не беше поделена униформа. Одделот за заштита на определени личности и објекти или популарно наречена Шеста управа, 10 години немаа земено никаква опрема. Да не зборувам за набавка на техничка опрема која е исклучително важна, посебно во делот на гранична полиција која ја направивме, реновирањата на одредени состојби кои ги направивме, еве сега во Одделот за технички испитувања. Направивме нови простории за обука електронска во сите сектори за внатрешни работи кои што ги немало, а сега ќе ги има”, рече министерот Спасовски, потсетувајќи на изградбата на нова зграда на Полициска станица во Аеродром, почетокот на реконструкцијата на Управните служби во Скопје во МТВ, после 50 години започнатата реконструкција на комплетниот комплекс на Центарот за обука на МВР. 

Треба да знаете
Последни објави