Search

Потона брод со бегалци во Тиренското море, пронајдени се пет тела

Италијанската крајбрежна стража денеска соопшти дека по пријавената несреќа на брод со бегалци, во водите на Тиренското Море во близина на сицилијанскиот град Маринела ди Селинунте биле пронајдени безживотните тела на пет лица. Во соопштението се наведува дека морските струи го исфрлиле чамецот и телата на жртвите на брегот.

Бродовите на италијанската крајбрежна стража и финансиската полиција продолжуваат да ги пребаруваат водите каде се верува дека се случила несреќата. Властите привеле 18 мигранти кои успеале да стигнат до брегот, потврдија официјални извори.

Треба да знаете
Последни објави