Search

Детски минибаскет фестивал викендов во Скопје

Македонската кошаркарска федерација (КФСМ) утре во Скопје ќе организира дружење со најмладите кошаркари и кошаркарки од генерациите 2014, 2015, 2016 и 2017, во рамки на традиционалниот минибаскет фестивал.

Во салата на СРЦ „Кале“, почнувајќи од девет часот, на неколку специјално креирани терени, адаптирани за најмалите возрасни кошаркарски категории, ќе продефилираат повеќе од осумстотини идни кошаркари и кошаркарки.

Спонзори на кошаркарскиот хепенинг, како што соопшти КФСМ, се компаниите „Виталија“ и „Горска“.

За најдобрите поединци и екипи предвидени се посебни признанија од Македонската кошаркарска федерација.

Треба да знаете
Последни објави