Search

Град Скопје го започна стратешкиот проект за испитување на магистралните водоводни цевководи

Град Скопје ги отпочна испитувањата и студијата за магистралните водоводни цевководи како дел од новиот стратешки проект. Градоначалничката Данела Арсовска, ја промовираше изработката на стратешката Студија за дијагностика и утврдување на состојбата на двата постоечки челични водоводни цевководи, со димензија Ф1600 која е ветување од програмата „За модерно Скопје“ и која се прави за прв пат од нивната изградба.

Арсовска истакна дека темелни испитувања од кои податоци ќе произлезе студија за магистралните водоводни цевководи не се направени 60 години и дека водоснабдувањето на град Скопје се темели на значителни количини на вода кои се расположливи од двата каптажни објекти на изворот Рашче, а водата се движи преку двa челични цевководи.

– Се анализира состојбата на самите цевки во нивниот надземен и подземен дел, состојбата на објектите кои се изградени за правилна експлоатација на цевководот односно армирано бетонските шахти со хидро машинска опрема, мостовската конструкција на надземниот дел од цевководот, како и опремата за активна катодна и останата заштита. Истакнувам голема благодарност на експертите и професорите од Машински факултет за сите заложби да добиеме прецизна студија за магистралните водоводни цевководи кои се изградени пред 60 години, а студијата треба да даде информации какви мерки треба да се преземат за да се превенираат несакани појави во иднина и да се имаат сите информации за овие клучни цевководи во Скопје, нагласи градоначалничката при посетата на терен.

Како што појасни, суштината на изработката на стратешката  студија е утврдување на состојбата на двата главни магистрални метални цевководи. Едниот цевковод кој оди по булеварот Партизански Одреди, и другиот по булеварот Словенечка и булеварот Босна и Херцеговина.

Имајќи предвид дека цевките се челични и се градени во пост-земјотресниот период започнати во 1964 година, при што со нивната 60 годишна функционалност, со оваа студија би се добила детална слика за состојбата и би се оформиле насоки за идни потреби на инвестиции во овој сегмент. 

Треба да знаете
Последни објави