Бидете внимателни со маникир со гел! УВ сушилници за нокти воопшто не се безопасни

Одамна знаеме дека ултравиолетовата светлина од сонцето или солариумот може да го зголеми ризикот од рак на кожата. Но, што е со УВ светлината од светилките што се користат за сушење на ноктите во козмеичките салони?

Една неодамнешна студија покажа дека УВ сушилници за нокти може да доведат до оштетување на ДНК и клеточна мутација.

Истражувањата покажуваат дека ултравиолетовата светлина од УВ сушилници за нокти може да предизвика оштетување на ДНК во клетките, исто како и ултравиолетовата светлина од сонцето, објасни Мелиса Пилијанг, дерматолог од Клиника во Кливленд.

Она што сè уште не го знаеме е како тоа се одразува на поедини луѓе и потенцијалниот ризик од рак на кожата, додаде таа.

Иако се потребни повеќе истражувања, експертите препорачуваат одредени мерки на претпазливост. Еве што можете да направите кога користите УВ сушилница за нокти по маникир со гел.

Д-р. Пилијанг, која не била вклучена во студијата, препорачува да ги премачкате рацете со водоотпорна заштитна крема. Користете крема за сончање со широк спектар со заштитен фактор од најмалку 30 околу 20 минути пред третманот.

Таа советува и носење ракавици со УВ заштита. Изработени се од материјал отпорен на УВ зрачење и имаат дупки на врвовите на прстите за нокти.

Преземањето чекори за заштита на рацете од рак на кожата може да го спречи и предвременото стареење на кожата на рацете.

Пред се, др. Пилианг забележува дека најдобро е да се ограничи изложеноста на УВ сушара за нокти.

-Ако одите на маникир со гел само за посебни прилики, веројатно сте во ред. Но, ако сте некој кој религиозно добива маникир со гел на секои две недели, веројатно го зголемувате ризикот од рак на кожата на вашите раце, вели таа.

Д-р. Пилианг, исто така, истакнува колку е важно секој да прави редовни контроли на кожата и сè што е сомнително да го проверува дерматолог.

Треба да знаете
Последни објави