Search

Петровска: Никогаш не сум била сопственичка на хациенда, се надевам Ковачки ќе собере сили да дојде на суд

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во вечерашната емисија, Клик плус на ТВ21 ги објасни деталите за судскиот спор што го води против пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачкии, додавајќи дека тој свесно ја лажел јавноста дека таа поседувала некаква хациенда.

„Прво на таа хациенда никогаш не сум била сопственик. Освен на недвижен имот во смисла на парцела градежна или нива, па после со трансформација итн., јас никогаш не сум била сопственик, се до скоро, не сум била сопственик на недвижен имот, особено не на посочената хациенда со базен, како што беше кажано. Ковачки минатата година прифати наше ТВ соочување и таму, наместо да дебатираме за состојбите во Армијата за тој извади една невистина дека јас сум криела имот, посочената хациенда со базен, на што апсолутно и во текот на емисијата јас негирав дека е тоа така. Дури го замолив да не продолжува но тој не само што продолжи, тој на неколку последователни прес конференции излегуваше и тврдеше дека јас кријам имот, дури и бараше мое разрешување заради тоа“ објасни Петровска.

Министерката посочи дека до судот ги доставила сите материјали, сите докази и дека по подготвителните рочишта наскоро ќе започне главната расправа, изразувајќи надеж дека Ковачки конечно ќе се соочи со неа во судница.

„Главната расправа ќе се одржи кон крајот на месец ноември за што сум убедена дека после две бегања од подготвителните рочишта, пратеникот Ковачки ќе собере сила да дојде“ заклучи Петровска.

Треба да знаете
Последни објави