Search

Петровска: Нема никакви информации за наводен скандал со сексуално вознемирување во Армијата, Ковачки шири невистини

„За ваков наводен скандал, за кој денес праша пратеникот Ковачки и прашањето го упати до претседателот на Владата, иако и јас бев присутна, до овој момент јас официјално не сум известена. До мене како министерка не се стигнати никакви писмени поднесоци со кои ќе се потврди дека таков наводен скандал постои“ рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во „Клик плус“ на ТВ21.

Таа додаде дека веројатно пратеникот Ковачки оваа информација ја добил од истиот извор што му кажал дека таа поседува хациенда и го натерал да пишува на социјалните мрежи дека припадници на военото разузнавање биле апсени во Косово.

„Кога ми беше поставено прашањето за наводното апсење, јас го покажав документот од косовските власти и КФОР со кој се потврдува дека таков инцидент не се случил и дека припадници на македонското воено разузнавање не биле уапсено“ рече Петровска.

Министерката додаде дека сите информации за скандали или престапи кои ќе стигнат до неа, таа ги пренесува до шефот на военото разузнавање за тие да бидат потврдени или отфрлени

„Во државата постојат правосудни органи и јас по службена линија сум должна да ја почитуваам таа патека. Ниту до денес, ниту во иднина, сум влијаела или ќе влијаам со прикривање или затскривање информации со кои сум располагала за некого да заштитам“ рече Петровска.

Треба да знаете
Последни објави