Search

Носи ли градоначалникот на Кисела Вода, Ѓорѓиевски часовник вреден скоро 8.000 евра?

На социјалните мрежи и на повеќе медиуми се појавија фотографии и информации дека градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски на вчерашниот настан се појавил со доста скап рачен часовник. 

Според тврдењата и информациите, станува збор за часовник IW376803 AQUATIMER CHRONOGRAPH од IWC Schaffhausen кој се продава со официјална цена од 7.600 швајцарски франци, што безмалку е 8.000 евра, или речиси 20 минимални плати.

Редакцијата на 24инфо.мк испрати и прашање на официјалната е-маил адреса на градоначалникот, но оттаму до сега не добивме никаков одговор. 

Пред неколку години беше забележано дека и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски носи скап рачен часовник вреден исто така околу 8.000 евра, но Мицкоски и покрај тоа што беше прашан од страна на новинарите, не даде одговор која марка и колку чини часовникот што го носи.

Треба да знаете
Последни објави