Search

УЕФА ја казни Босна и Херцеговина поради однесувањето на навивачите на натпреварите против Лихтенштајн и Португалија

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска го казни Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина поради однесувањето на навивачите на натпреварите против Лихтенштајн и Португалија во квалификациите за ЕП 2024 година.

УЕФА ја казни БиХ со вкупно 66.000 евра, делумно затворајќи го стадионот за следниот домашен натпревар, како и забрана за продажба на билети на навивачите за нивниот следен натпревар на гости, објави ХИНА.

Контролното, етичкото и дисциплинското тело на УЕФА ја казни Босна и Херцеговина со 20.000 евра и нареди делумно затворање на стадионот за следниот натпревар на домашен терен поради дискриминаторското однесување на нејзините навивачи за време на натпреварот против Португалија.

Тој е казнет и со 26.000 евра поради блокирање на преминот, фрлање предмети и упад на теренот на натпреварот против Португалија. Да потсетиме, за време на натпреварот, локален навивач истрча на теренот бидејќи сакаше да се фотографира со Кристијано Роналдо.

БиХ, исто така, беше казнета со 20.000 евра и забрана за продажба на билети на навивачите за нивниот следен натпревар на гости, поради ракети и огномети за време на натпреварот во Лихтенштајн на 13 октомври.

Треба да знаете
Последни објави