Search

Градска.мк: Ја крои ли Арсовска судбината на ВМРО-ДПМНЕ или пак кавгата со Мицкоски е само фарса?

Градоначалничката на Град Скопје ја доби целосната доверба на Европската народна партија (EPP European People’s Party) сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ и едногласно беше избрана на висока функција во структурите на партијата во рамки на Конгресот. Арсовска на предлог на претседателството на Европската народна партијата во Конгресот едногласно беше избрана за потпретседател на Европската народна партија за локални власти, додека за претседател на Европската народна партија за локални власти беше избран Андерс Кнапе.

Порталот Градска.мк анализира дали ова значи распаѓање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и формирање нова или поеќе нови партии од нејзиното незадоволно членство?

Ова е навидум една позитивна вест која поради пукањто во „Ист Гејт Мол“ и дневно политичките настани помина речиси незабележително“, ама се поставува прашањето зошто сестринската партија ја дава токму довербата на Арсовска, најголемиот непријател на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа значи дека или раскинувањето на Арсовска со ДПМНЕ е чиста глума за пред камери или пак причина за ова раскинување е врската на Арсовска со бегалецот Никола Груевски за повторно воскреснување на старото ВМРО-ДПМНЕ. Во вториот случај можно е и формирање нова партија, за која Арсовска минатиот месец почна да собира потписи или пак формирање на повеќе партии.

Мицкоски требаше да се дистанцира од Милошоски и Николовски, изјави на времето Даниела Рангелова, која како „рано предупредување“ укажа дека ВМРО-ДПМНЕ не успеа да се демократизира и дека Мицкоски не смогна сили да ја ослободи партијата од авторитарното наследство на Груевски и на неколктемина околу него. Ова предупредување на Рангелова во 2020 година, денеска го гледаме како реалност имајќи го предвид фактот дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да има релација и комуникација со Извршниот и Централниот комитет, се бори со „слободните радикали“ во партијата Антонио Милошоски и Александар Николовски.

Дополнителен сомнеж дава и вчерашното патување на Мицкоски во Будимпешта, каде заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски на средба со Орбан. Тоја само ја покажува нивната антиевропска ориентација, бидејќи јасни се ставовите на Орбан.

Николоски е еден од најгласните функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои ја повторуваат тезата за унитарноста на земјата, за засилување на идентитетот, бидејќи ќе се знаело дека тоа тоа е држава на Македонците, а дека другите во нејзе се малцинства, итн, итн. Очигледно е дека не го разбира или не може да се помири со концептот на Македонија и затоа одбраната и застапувањето на таа теза Николоски најревносно ја бранеше кога го наметнуваше хрватскиот устав како модел.

Како што соопштија од ВМРО – ДПМНЕ, пак во текот на денот во Будимпешта бил направен пресек на соработката и работата на двете партии во насока на размена на искуствата што се користат при изработка на програмата на ВМРО-ДПМНЕ за наредните избори. Воедно било разговарано за идни проекти и планови за развој, кои, се наведува во соопштението, би се реализирале веднаш по промената на власта во Македонија.

Зошто?

Бидејќи веќе подолг период се шпекулира дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ не е баш во добри односи со сестринската ЕПП и дека Христијан Мицкоски нема никаква поддршка бидејќи тој има сериозен проблем со меѓународните претставници, а во неколку наврати од различни центри Мицкоски беше посочен како проруски играч кој ги кочи интегративните процеси.

А како што знаеме раскол во партијата постои од поодамна, а членството е незадоволно од потезите кои ги презема Мицкоски.

Како на ова ќе реагираат умерените, односно проевропски ориентираните сили во ВМРО, и дали ќе имаат сили да се ослободат од радикалите во своите редови, останува да се види набргу.

Ова го покажува и неговото последно патување во Брисел каде освен двете изјави на Мицкоски за телевизија Алфа и фотографиите од средбата со Манфред Вебер, претседателот на нивното партиско семејство, Европската народна партија, нема никакви други детали за средбите во Брисел.

Целата Анализа на Градска.мк на следниот линк

Треба да знаете
Последни објави