Search

„Борба за Влае“ повикува на јавна презентација на ДУП Влае 2: Општината и планерите да работат за граѓаните

Граѓанската иницијатива „Борба за Влае“ повикува на масовност на утрешната јавна презентација на Деталниот урбаниситички план Влае 2

„Во овој предлог ДУП можеме да видиме дека Општината ги прифатила некои од нашите забелешки, но некои не.

Затоа е важно во оваа анкета да пишеме дека бараме да ги променат работите кои ни сметаат, а да ги зачуваат работите кои се добри. Во минатото се има случувано на повторните презентации да се појават жители кои бараат да се вратат првичните предлози за кои се пожалиле граѓаните и Општината да ги послуша бидејќи тоа биле единствените барања за таа парцела.

Затоа во овој предлог ДУП бараме да се остави игралиштето онакво како што е (парцела 03.291), а објектот 03.281 – В2 Здравствена заштита и образование или да се тргне или да се специфицира дека ќе биде градинка и да се тргне можноста за 40% да биде со комерцијална намена.

Општината има можност да ја пренамени оваа парцела или да ја направи 100% приватна градинка/приватна болница.

Истото важи и за најавената градинка до ОУ Димо Хаџи Димов (парцела 02.211).

Затоа е важно ние да побараме тие објекти да бидат 100% јавни или да ги тргнат. Општината често повторува дека во Влае недостига градинка, а на овој ДУП црта две кои имаат можност за пренамена. Да не дозволиме да ја искористат вистинската потреба нашите деца да одат во локална градинка за Општината да даде атрактивни плацеви на сопственици на приватни болници, градинки или инвеститори за згради.

Заедно да им дадеме на знаење на Општината и приватните планери дека нема да дозволиме да се повтори ланската ситуација кога планерите од Билд Урбан изјавија „Сите живеете во град, ако не сакате да има улици и други содржини, не живејте во град“ но пропуштија да кажат дека со нивниот цртеж баш тие одземаат од улиците и содржините само за нечиј приватен интерес, а не работат за интересот на неколку илјади жители на Влае 2.“ стои во објавата на иницијативата.

Презентацијата на која се поканети граѓани ќе се одржи во бараките на Општина Карпош на ул. Радика 9 со почеток во 13 часот.

Треба да знаете
Последни објави