Search

Бектеши: Прогнозите за развој на нашата економија се позитивни

Рецесијата во Германија секако ќе се одрази на нашата економија бидејќи токму Германија е наш најголем трговски партнер. Затоа паралелно работиме во делот на диверзификација на секторите и веќе немаме германски инвеститори само во делот на автомобилската индустрија, туку и од други сектори каде има развој како што се производството на батерии кое има нагорен раст и побарувачка на глобално ниво, посочи министерот за економија Крешник Бектеши.

-Прогнозите за развој на нашата економија се позитивни. Убеден сум дека  со мерките кои ги носи Владата до крајот на годинава бројките и податоците ќе бидат уште повисоки, изјави Бектеши на паузата на бизнис настанот SUBEX – Suppliers Balkan Expo што денеска и утре се одржува во Скопје во Скопје во организација на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија (АХК).

Директорката на АХК, Антје Ванделт рече дека земјава нуди мошне интересни услови за инвеститорите и додаде дека тоа е една од причините заради кои германските инвеститори носат одлуки токму тука да ги префрлат своите фабрики и да прават и реинвестиции, а не во својата татковина каде се нивните централи.

-Германските инвеститори токму сега во овие две години речиси сите реинвестираа во своите капацитети тука. Тие работат на проекти кои се долгорочни што значи дека сега сработуваат проекти кои ќе траат пет или четири години. Заради тоа Северна Македонија е мошне интересна како пазар за инвестирање и реинвестирање, рече Ванделт.

Германскиот заменик-амбасадор Ото Граф истакна дека Германија и Северна Македонија се силни бизнис партнери.

-Германските инвестиции на почетокот на годинава најчесто беа во делот на автомобилскиот сектор. Сега е тешко да се најде соодветна работна сила и затоа големите инвеститори веќе не инвестираат. На нивно место доаѓаат помалите инвеститори кои можат да најдат работна сила со соодветни вештини. Мислам дека тоа е добра можност за инвестирање бидејќи овозможува диверзификација на индустријата, рече Граф.

Посочи дека сега во земјава има и германски компании во делот на технологијата за производство на батерии кои дури вршат истражувања и развој, има компании кои инвестираат во медицинскиот сектор, во микс од медицинскиот и текстилниот сектор,…

-Сега имаме многу можности и е време за напредок, а токму SUBEX е многу добра платформа за да се најдат локални добавувачи, бидејќи инвестициите најмногу се поврзуваат со локалната економија, порача Граф.

Треба да знаете
Последни објави