Search

Бајден: Израел треба да ги брани своите граѓани но и да ги заштити невините цивили во Газа

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека верува оти Израел треба да ги брани своите граѓани истовремено штитејќи ги невините цивили во Појасот Газа, кои се жртви на конфликтот меѓу Израел и Хамас.

„Израел мора да направи се што е во негова моќ, без разлика колку е тешко, да ги заштити невините цивили“, рече Бајден за време на прес-конференцијата со австралискиот премиер Ентони Албанес во Белата куќа.

Бајден рече дека регионот мора да се подготви за крајот на конфликтот меѓу Израел и Хамас и за тоа што ќе следи, и дека САД остануваат на ставот за „решението со две држави“ за Израелците и Палестинците.

Тој, исто така, изрази загриженост за „екстремистичките доселеници“ кои ги напаѓаат Палестинците на Западниот Брег, обвинувајќи ги дека долеваат масло на огнот.

„Тие ги напаѓаат Палестинците на места каде што имаат право да бидат“, рече американскиот претседател

Треба да знаете
Последни објави