Search

Си-Ен-Ен: Болницата „Ал-Шифа“ во Газа, ќе стане масовна гробница без струја

Најголемата болница во Газа ќе стане „масовна гробница“ ако остане без гориво, изјави денеска за Си-Ен-Ен Хасан Абу-Сита, британско-палестински лекар кој работи во болницата „Ал-Шифа“.

„Вистинското прашање е дали ќе остане нешто од болницата кога ќе снема струја? И мојот одговор е: Не. Всушност, болницата „Шифа“ ќе стане масовна гробница ако снема струја“, изјави Абу-Сита за Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека во моментов таму се на вентилатори 150 пациенти, а операционите сали и апаратите за анестезија не функционираат поради недостиг на струја.

Болницата во моментов има „околу 1.700 ранети пациенти, што е три пати повеќе од капацитетот“, рече докторот.

Абу-Сита нагласи дека „поради подолги и почести прекини на струја, болницата „Шифа“ ќе престане да постои како болница“.

Ова може да влијае и на породилното и неонаталното одделение, најголемото во Газа, бидејќи повеќе од 15 инкубатори „ќе престанат да функционираат“ кога ќе се исклучи струјата, рече Абу-Сита, пренесе Танјуг.

Треба да знаете
Последни објави