Search

Северна Македонија и МВР домаќини на Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан

Северна Македонија и Министертсвото за внатрешни работи ќе бидат домаќини на Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се одржи на 26 и 27 октомври годинава во Скопје.

Оваа информација ја соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со објава на неговиот Фејсбук профил.

-Ми претставува особена чест  и задоволство што и годинава, а по втор пат за време на мојот мандат, доаѓа уште едно признание за Република Северна Македонија и МВР – честа да бидеме домаќини на Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан во Скопје на 26-27 октомври 2023, напиша Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави