Search

ОН: Денеска ниту еден камион со хуманитарна помош не влезе во Појасот Газа

Обединетите нации соопштија дека денеска во Појасот Газа не влегле камиони со хуманитарна помош и покрај најавата дека 20 камиони ќе влезат преку преминот Рафах, на границата со Египет.

„Се надеваме дека помошта може да влезе во Газа утре“, рече портпаролот на ОН Ери Канеко, според Ал Џезира.

54 камиони полни со храна, лекови и вода од саботата влегоа во Појасот Газа, што генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го опиша како „капка помош во океанот на потребите“ на локалното население.

Треба да знаете
Последни објави