Search

Кац: Израел нема да ја одложи офанзивата во Газа поради заложниците

Израел нема да ја одложи копнената офанзива во Појасот Газа поради заложниците кои таму ги држи исламистичкото движење „Хамас“, кое ја контролира палестинската територија, изјави израелскиот министер за енергетика Израел Кац, цитиран од британските медиуми.

Кац, кој е претставник на десничарската партија Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху, во интервју објавено денеска за весникот „Билд“ вети дека израелската Влада ќе стори се за да ги врати заробените дома. 

-Тоа, меѓутоа, не може да им попречи на нашите активности, вклучувајќи и на копното, доколку решиме да ги преземеме, јасно порача израелскиот министер.

„Од Хамас сакаат да направиме договор за заложниците и израелската армија да не влегува во Појасот Газа за да не биде уништена нивната инфраструктура. Тоа нема да се случи, нагласи министерор Кац за германскиот таблоид.

Хамас вчера ослободи две постари Израелки од хуманитарни причини со посредство на Египет и Катар.

Треба да знаете
Последни објави