Search

Годишна конференција на ОН „Слобода, еднаквост и правда за сите“ во Скопје

„Слобода, еднаквост и правда за сите“ е темата на годишната конференција на Обединетите нации (ОН), што ќе се одржи денеска во Скопје, во рамки на одбележувањето на Денот на ОН. 

Конференцијата е посветена на теми поврзани со човековите права, со оглед на тоа што годинава се одбележува 75 години од усвојувањето на Декларацијата за човекови права. Канцеларијата на ОН во Скопје организира и официјалниот прием по повод Денот на Обединетите нации.

Во Музејот на современа уметност, со почеток во 17 часот ќе бидат изложени дел од најдобрите цртежи добиени на Конкурсот на ОН за деца и млади на тема човекови права.

Треба да знаете
Последни објави