Search

Eрдоган го одобри приклучувањето на Шведска на НАТО

 Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес поднесе на ратификација во парламентот нацрт-закон за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО.

„Протоколот за пристапување на Шведска во НАТО на 23 октомври 2023 година е потпишан од страна на нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган, и е испратен до Големото народно собрание на Турција (ТБММ)“, се вели во соопштението.

Претседателството не соопшти повеќе детали.

Ердоган го одложи ратификувањето на членството на Шведска, обвинувајќи го Стокхолм дека е премногу мек кон курдските милитанти и другите групи кои ги гледа како безбедносна закана.

Турција беше налутена и од серијата палења на Куранот во Шведска.

Секој од 31 сојузник на НАТО мора да го поддржи членството на Шведска. Доколку турскиот парламент го поддржи предлогот на Ердоган, што е речиси сигурно, ќе треба да се чека ратификацијата да ја одобри уште и Унгарија.

Треба да знаете
Последни објави