Search

Нормализирани транспортните цени во поморскиот сообраќај

Цените на товарот во поморскиот контејнерски транспорт значително се намалија во последните месеци, откри Килскиот институт за стопански и економски истражувања, заклучувајќи дека периодот на пандемични нарушувања е завршен.

Во последните две години бродските компании специјализирани за транспорт на контејнерски карго работат со значително поголем профит, се нагласува во соопштението. Во меѓувреме, цените на товарот паднаа под просекот во периодот пред пандемијата, особено на линиите до пристаништата во САД, каде што за една година цените се намалени од повеќе од 8.000 долари на околу 1.000 – по контејнер.

Трендот на намалување на цената на транспортот се совпаѓа со нормализирањето на поморскиот транспорт на стоки низ светот, каде за време на пандемијата имаше голем прекин поради блокадата на важни пристаништа и честиот метеж.

Бидејќи бродовите и контејнерите што ги транспортираат честопати не беа на вистинското место во вистинско време, цените на товарот се зголемуваа до минатата година, но периодот на пандемски метеж заврши, заклучува институтот.

Тие, исто така, забележуваат дека испораката на само нешто повеќе од седум проценти од стоките во светот моментално е во застој, што не е многу бидејќи на врвот на пандемијата тој удел беше околу 14 проценти. Инаку, овој институт го анализира движењето на бродовите во реално време за стотици пристаништа ширум светот за да овозможи увид во развојот и состојбата на светската трговија.

Треба да знаете
Последни објави