Search

Брнабиќ: Крајно време е за формирање на српските општини на Косово

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, ја претставува својата држава на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, каде се  расправа за новиот, шестмесечен извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на Мисијата на ОН на Косово

Таа, во изјава за агенцијата Танјуг изрази сомнеж дека косовските власти се подготвени за одржување локални избори на северот на Косово, но дека сега е крајно време за формирање на српските општини на Косово.

„Од она што го гледаме мислам дека Приштина ќе се обиде да го пролонгира што е можно повеќе. Тие сега зборуваат за некои административни процедури, кои немаат никаква врска, а тие ги користат за тоа изборите на северот на Косово да не се одржат. И јас исто така не верувам дека тие ќе се согласат на формирање на заедниците на српските општини и тоа ќе биде борбата која ние ќе мораме да ја водиме политички. Крајното време за формирање на заедниците на српските општини помина пред 5-6 години. Значи не дојде крајно време, туку тоа помина пред 5 години. Сега мора да се формира заедницата на српските општини. Но, не на начин на кој тие го интерпретираат, туку на начинот кој е договорен во 2015 година со согласност со тие договори, рече Брнабиќ.

Треба да знаете
Последни објави