Search

Јувентус го победи Милан со гол на Локатели

Фудбалерите на Јувентус вечерва го совладаа тимот на Милан со 1:0 во дерби натпреварот од деветтото коло во Серија А.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Мануел Локатели во 63. минута. Милан го заврши натпреварот со играч помалку, бидејќи во 40. минута беше исклучен Малик Тиао.

Милан моментално е втор на табелата со 21 бод, додека Јувентус е трет со 20.

Во следното коло Милан ќе го пречека тимот на Наполи, додека Јувентус на домашен терен ја пречекува Верона.

Треба да знаете
Последни објави