Search

Фудбалерите на Аталанта ја победија Џенова

Фудбалерите на Аталанта вечерва на свој терен во Бергамо ја победија Џенова со 2:0, во натпреварот од деветтото коло во Серија А.

Аталанта поведе со голот на Адемола Лукман во 68. минута, а Едерсон ја обезбеди победата во петтата минута од судиското надополнување.

Аталанта има пет победи и 16 бодови и е на шестото место на табелата.

Џенова го претрпе вториот последователен пораз, вкупно петти во лигата и со осум бода го зазема 15. место на табелата.

Треба да знаете
Последни објави