Search

Тенис: Шелтон освои прва титула во Токио

Американскиот тенисер Бен Шелтон триумфираше на АТП турнирот во Токио, совладувајќи го во денешното финале Русинот Аслан Карачев со 7-5, 6-1.

За 21-годишниот Шелтон ова беше прво АТП финале и прв освоен трофеј во кариерата. Триумфот на турнирот во јапонската престолнина ќе му донесе и напредок од 14. место на АТП листата на утрешното ново рангирање.

Поразениот Карачев петти пат играше АТП финале и остана на титулите од Дубаи и Москва, и двете во 2021 година, и лани во Сиднеј.

Триесетгодишниот руски тенисер беше полуфиналист на Австралија опен во 2021, а го освои среброто во мешани двојки на Олимписките игри 2021 во Токио.

Треба да знаете
Последни објави