Search

Специјална диета на Крис Хемсворт „за мозокот“: Неговиот готвач откри што јаде по дијагнозата

Животот на холивудскиот актер Крис Хемсворт е превртен наопаку откако направи генетски тест во документарната серија „Неограничено со Крис Хемсворт“ на Национал Географик кој открива предиспозиции за се уште неизлечивата Алцхајмерова болест. Резултатот откри дека ѕвездата од франшизата на Марвел „Тор“ и филмовите „Одмаздници“ има две копии од генот APOE e4, поврзан со зголемен ризик од страшната болест.

Свесен е дека тоа не значи дека ќе се разболи, но без разлика, таткото на три деца не остава ништо на случајноста. Ги намалил своите обврски во забавната индустрија и однапред ја прилагодил здравата исхрана на програма која благотворно влијае на функцијата на мозокот. За ова е свесен и неговиот пријател и личен готвач Серџо Перера, кулинарска ѕвезда, експерт за холистички гастро-велнес со импресивно кулинарско искуство. Шпанецот, кој, меѓу другото, работеше во реномирани ресторани, меѓу кои и „Ел Були“ познат по својата авангардна кујна, им дава насоки на холивудските ѕвезди за исхраната.

Пријател на сопругата на Хемсворт, шпанската актерка и модел Елса Патаки, веќе му помогна да ги зајакне мускулите за улогата на Тор или да ослабне, во зависност од филмскиот ангажман, па овој пат подготви специјална програма за исхрана за 40-годишниот австралиски актер дизајнирана да го зајакне мозокот, пишува Дејли Меил.

Со оглед на тоа што на Хемсворт му требаат многу протеини за да ги одржува мускулите тонирани и силни, готвачот му подготвува оброци со многу зеленчук, месо и риба на скара и многу маслиново масло.

„Секој ден има една многу голема салата која се состои од суров и варен зеленчук, ферментирани производи, јаткасти плодови, семки и многу добри масти со парче стек или големо парче риба“, објасни готвачот. Јаткастите плодови, особено оревите, можат да ја подобрат меморијата. Авокадото, маслиновото масло, интегралните житарки, рибата богата со Омега3 масни киселини како лососот и сардините, како и зачинот куркума ги имаат истите својства.

Па така, денот започнува со зелено смути направено од лиснат зеленчук, овошје, јаткасти плодови, семки, масти и морска сол. Продолжува со протеинска закуска од јогурт измешана со свежи бобинки, чиа семиња, бадеми и мед или јајца на интегрален тост со Vegemite (густ, темно кафеав австралиски намаз направен од остатоци од екстракт од пивски квасец со разновидни додадени зеленчук и зачини – и авокадо).

По напорниот тренинг, Крис Хемсворт се освежува со уште еден шејк: овој пат од растителни протеини, 1 грам витамин Ц, ледена вода која го регенерира телото и три есенцијални амино киселини: леуцин, изолеуцин и валин.

Првиот ја регулира потрошувачката на гликоза и ја зголемува синтезата на протеините и градењето и регенерацијата на мускулите. Вториот е важен за потрошувачката на гликоза и овозможува акумулација на енергија во мускулите, додека валинот ја подобрува функцијата на мозокот и помага во намалување на заморот.

Во раните попладневни часови, актерот јаде стек на скара (225 грама) со многу зеленчук. На крајот од денот, следува вечера со печена риба на скара прелиена со маслиново масло и зеленчук на скара. Неговиот стил на исхрана го комбинира внесувањето на многу потребната „храна за мозокот“ и исхраната потребна за одржување на масивните мускули без кои Тор не би бил убедлив.

Треба да знаете
Последни објави