Search

Нетанјаху: Макрон и Рут оваа недела во Израел

Францускиот претседател Емануел Макрон и холандскиот премиер Марк Руте ќе го посетат Израел оваа недела, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Како што се наведува во соопштението на кабинетот на израелскиот премиер, Нетанјаху денеска разговарал со лидерите на Франција, Шпанија и Холандија.

За време на сите разговори, Нетанјаху рече дека Израел е решен да ги „елиминира воените и менаџерските способности на Хамас“ и дека „победата на Израел над Хамас ќе биде победа за целиот свет“.

Кабинетот на Нетанјаху објави дека Макрон и Руте ќе пристигнат во Израел „во понеделник или вторник“ и ќе се сретнат со израелскиот премиер. Тајмс оф Израел наведува дека Макрон треба да пристигне во Израел утре, а Руте во вторник.

Треба да знаете
Последни објави