Search

Минимална победа на Рома, Мурињо исклучен поради недолично однесување

Фудбалерите на Рома победија на својот стадион Монца со 1:0 и ја постигнаа третата последователна победа.

Стрелец на единствениот гол беше Стефан Ел Шарави во 90. минута.

Тренерот на екипата на Рома, Жозе Мурињо беше исклучен во судиското надополнување поради недолично однесување.

Монца од 41. минута играше со десетмина, откако Данило Д’Амброзио доби втор жолт картон.

По четвртата победа во лигата, Рома се искачи на шестото место на табелата со 14 бодови.

Монца ја прекина серијата од две победи и со 12 бода го зазема 11. место на табелата.
Фудбалерите на Салернитана на свој терен одиграа нерешено 2:2 против Каљари, а подоцна ќе играат Аталанта – Џенова и Милан – Јувентус.

Фудбалерите на Болоња денеска на свој терен забележаа победа против Фросиноне со 2:1, во натпреварот од деветтото коло во Серија А.

Болоња поведе со голот на Луис Фергусон во 19. минута, а Лоренцо Де Силвестри три минути подоцна го удвои водството. Конечниот резултат го постави Матиас Суле со гол од пенал во 63. минута.
Болоња ја постигна третата победа и е седма на табелата со 14 бодови.

Фросиноне има 12 бода на 12. место на табелата.

Треба да знаете
Последни објави